• Скопје
  • Тел: +38971 311 001
  • ул. 852 бр. 62, Гази Баба 1000 Скопје

ЗА НАС

Кои сме ние?

Бизнис Деливери 10 е ќерка фирма на една од водечките логистички компании во Македонија, која обезбедува интегрирани логистички решенија од полето на транспорт, логистика, шпедиција, складирање и дистрибуција – Боми 10 Логистик.

Од таму се зачна и желбата да креираме Поштенска компанија со која ќе дадеме комплетна поддршка на нашите Клиенти, обезбедувајќи им „достава од врата до врата“ (door to door delivery), како и многу други дополнителни поштенски услуги.

Бизнис Деливери 10 е нова, но сепак многу проактивна компанија, составена од тим на професионалци од областа на логистиката која во целост ќе му даде поддршка на Вашиот бизнис и секако ќе го олесни Вашето секојдневие, зависно од тоа дали сте правно или физичко лице.

Бизнис Деливери 10 поседува Општо овластување за вршење поштенска дејност, одобрено од Агенцијата за пошти на Р. С. Македонија како регулаторно тело и истото се однесува на достава на поштенски пратки на теторијата на целата земја.

Со што располагаме?

Логистичка мрежа и возен парк:

Логистичка покриеност на целата држава со вкупно,  50 вработени, 30 возила.

Човечки ресурси:

Специјалисти за транспорт и логистика со долгогодишно искуство  во дејноста кои поседуваат образование и сертификати за работа во областа на транспортот и логистиката. Лица обучени за Корисничка грижа, Курири кои во целост ги исполнуваат условите за вршење на брза и безбедна достава до Вашиот дом или бизнис.

Контакт центар и грижа за корисници:

Поседуваме најсовремен Контакт центар со во кој се работи на принцип „Прв дојден – прв опслужен“ во кој се вработени лица обучени за комуникација со Клиенти и кој во целост ќе се потрудат да излезат во пресрет на Вашите барања  без дополнителни чекања и одложувања.

Како и Оддел за грижа за корисници, кој во секој момент ќе ги обезбеди сите информации и извештаи од доставата, потребни за Вашиот бизнис.

IT систем:

Бизнис Деливери 10 покрај брзата достава нуди и брза информација до Клиентот, за таа цел обезбедивме најсофистициран систем за менаџирање со Вашите пратки кој дава точен преглед за движењето на секоја пратка одделно, како и многу извештаи и прегледи кои се однесуваат на пратки предадени на достава на Бизнис Деливери 10.

Складирање:

Располагаме со магацински простор од вкупно 500м2 опремен со рафтови, најсовремени средства за манипулација со поштенски пратки, палетизирана и не палетизирана стока, систем за баркодирање како и алармни системи и видео надзор  за најголема безбедност на Вашите пратки