Кои сме ние?

Бизнис Деливери 10 е ќерка фирма на една од водечките логистички компании во Македонија, која обезбедува интегрирани логистички решенија од полето на транспорт, логистика, шпедиција, складирање и дистрибуција – Боми 10 Логистик.

Од таму се зачна и желбата да креираме компанија за локална дистрибуција со која ќе дадеме комплетна поддршка на нашите Клиенти, обезбедувајќи им „достава од врата до врата“ (door to door delivery) на локално ниво.

Бизнис Деливери 10 е нова, но сепак многу проактивна компанија, составена од тим на професионалци од областа на логистиката која во целост ќе му даде поддршка на Вашиот бизнис преку:

  • Локален транспорт од царински склад до Ваш магацин/адреса.
  • Локална дистрибуција од Ваш магацин до краен клиенти или партнер.
  • Транспорт под царинска пломба Т1.

Со што располагаме?

Логистичка мрежа и возен парк:

Логистичка покриеност на целата држава со вкупно 15 возила за локална дистрибуција.

Возниот парк се состои од следниве типови на возила:
Пикапи со носивост до 700 кг
Комбиња со носивост до 1 тон
Соло камиони со платформа од 2 до 5 тони носивост
Соло камиони без платформа до 10 тони носивост

Човечки ресурси:
Нашиот тим се состои од координатори за транспорт со долгогодишно искуство  во дејноста кои поседуваат образование и сертификати за работа во областа на транспортот, шпедицијата и царинските постапки како и професионални возачи кои поседуваа Б, Ц и Е категорија на лиценци за управување со товарни возила.